401
На денешната средба за реформите што се однесуваат на медиумите, посредникот во преговорите, Питер Ванхојте, побара од политичките партии да размислат за предлози на реформи во медиумската сфера. Средбата на работната група за спроеведување на Договорот од Пржино, за разлика од претходните, траела само еден час.
На наредната средба, претставниците на политичките партии на Ванхојте треба да му ги презентираат своите предлози, особено како тие би се одразиле на изборите закажани за 24 април и да се бара зедничко решение.
Освен што ќе се бара решение за балансирано известување, партиите ќе треба да се договорат и за промена на раководството на МРТВ, агенцијата МИА и нов состав за советот на Агенцијата за медиумите.