Белгискиот посредник во преговорите за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхојте, при денешната средба на работните групи, запрашан да го коментира говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред Унијата на жени на неговата партија, тој кусо одговори:
-Немам никаква реакција, мојот одговор како и секогаш е: Ако не ви се допаѓа пораката, убијте го гласникот, одговори Ванхојте.
Груевски на годинешната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ изјави:
-Ќе помине многу долго време, пред на некој политичар му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град, рече Груевски.