Заврши средбата на работните групи, состојбата критична

by Фокус

По неколку дена пауза, работните групи за спроведување на Договорот од Пржино денеска повторно се состанаа да разговараат и да најдат решенија за прочистувањето на Избирачкиот список и за регулацијата на медиумите, со посредство на белгискиот медијатор, Питер Ванхојте.

На денешната средба од владејачката ВМРО-ДПМНЕ доставиле предлог за решение на спорните точки, а другите членови имаат време до утре да се консултираат со своите партии и да се произнесат за предлогот.

По завршувањето на средбата, на прашањето каква била реакцијата на другите партии на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Ванхојте кусо прокоментирал дека состојбата е критична.

Поврзани новости