Ванхојте: Сведоци тврдат дека 40 отсто од ИПА фондовите се украдени

by Фокус

Укажувачите на криминал или таканаречените свиркачи ќе пријавуваат злоупотреби на пари од европски фондови во Брисел. Посредникот во меѓупартиските преговори Питер Ванхауте, чиј мандат истекува на крајот од овој месец, во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека постојат сведоци што се подготвени да кажат и оти до 40 отсто од парите во ИПА фондовите треба да се враќаат во кеш поради незаконско користење.

-Во прашање е многу голема корупција и можам да кажам дека дојавувачите на информации имаат волја да дојдат во Брисел и да сведочат за злоупотреба на европските фондови. Нема да се откажеме. Имаме свиркачи и ќе дејствуваме, изјавил Ванхојте.

Тој најавил дека од наредниот месец ќе продолжи да работи како независен експерт во земјава, заедно со група експерти и претставници од невладиниот сектор. Фокусот нема да бидат изборите, туку спроведување на итните реформи во судството, образованието и во јавната администрација.

 

Поврзани новости