417
Посредникот во преговорите за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ванхојте, денеска оствари поединечни средби со четирите најголеми партии. Средба прво се одржа со ДПА, потоа со ДУИ и СДСМ и на крај со ВМРО-ДПМНЕ, но никој не дава информации за разговорите.
По одделните средби, за доцна вечерва е закажана заедничка средба со претставници од четирите партии. Ванхојте на партиите им презентирал нацрт верзија за измените на изборниот законик, а сега тие треба да се произнесат и да ги кажат своите забелешки.