582
Белгискиот експерт Питер Ванхојте, кој беше посредник помеѓу македонските политички партии во преговорите за потпишувањето на Договорот од Пржино, преку неговите мачки на Твитер откри дека партиите тајно преговараат.
-Политиката и уметноста на тајното преговарање. Молчете! Разговараме, но не им кажувајте на граѓаните, што помалку знаат толку подобро, стои на профилот на Ванхојте.
Освен ова, тој за начинот на преговарање напиша: Моите услови се едноставни: ветете дека ќе ме обожувате и дека ќе ги исполните сите мои барања. Сега потпишите овде.