Пред да дојдат партиските лидери во резиденцијата на ЕУ во Пржино, еврокомесарот Јоханес Хан имаше куса средба со посредникот во преговорите Питер Ванхојте. По оваа средба, Ванхојте изјави дека напорно се работи за да се испочитуваат обврските од договорот од Пржино, а еврокомесарот Хан е овде лично да се запознае со последните случувања околу преговорите.
-Работиме секој ден за да постигнеме напредок. Може да кажам дека имавме тешка ноќ. Нема да се предадеме бидејќи мора да има напредок за оваа земја.Работиме секој ден за да постигнеме. Секогаш е корисно кога луѓето доаѓаат да ја видат ситуацијата со нивни очи и да зборуваат со луѓето за да се формираат сопствено мислење, колку што е може подобро, изјави Ванхауте.
Еден час по Ванхојте, во резиденцијата на ЕУ пристигнаа четворицата партиски лидери: премиерот Груевски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, шефот на ДПА, Мендух Тачи и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. За вечерва е предвидено под покровителство на Хан да се договорат изборните измени, комплетниот тим на Катица Јанева, како и новите министри и заменици – министри во Владата.