Ванхојте: Направен е голем напредок за изборниот законик

by Фокус

-Работната група изнајде решение за поголем број од спорните точки што ги имавме изминативе денови на повеќе теми, направен е голем прогрес во изборниот законик, дискусијата е конструктива и се надевам дека во догледно време ќе постигнеме договор, изјави предмалку посредникот во преговорите, Питер Ванхојте.

Тој рече дека сега не е песимист како што беше пред неколку часа. Што се однесува до предлог-законот за забрана за објавување на бомбите, Ванхојте соопшти дека работната група ќе го разгледува, а решение би требало да се постигне пред 20 октомври. Според него, тоа нема да биде пречка да продолжат преговорите за изборниот законик.

Во моментов се уште траат пеговорите на работната група составена од четирите најголеми партии, амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, како и посредникот Питер Ванхојте. Тој рече дека доколку има напредок, тој повторно ќе ја извести јавноста.

 

Поврзани новости