-Законот за бомбите треба да биде во согласност со европските стандарди, а тоа е најважно во моментов. Можете да правите легислатива само ако имате амбиција еден ден да станете земја членка на ЕУ и вашата легислатива треба да биде во согласност со европските стандарди. Како ќе изгледа законот, допрва ќе видиме, работните групи тоа треба да го одлучат, изјави белгискиот експерт и олеснувач во преговорите, Питер Ванхојте, пред почетокот на денешната средба за спроведување на договорот од Пржино.
Тој истакна дека има договор за Изборниот законик, но тој треба што побрзо да се поднесе до Парламентот за да се гласа. Ванхојте не знае кога кога тоа ќе се случи, но и за тоа ќе се разговара на вечерашната средба.
-Не знам кога ќе биде тоа, ќе разговараме на таа тема со партиите сега, но и за сите други прашања кои треба да бидат затворени“, рече Ванхојте.