Гошев: Власта комплетно работи по принципот на мафија

by Фокус

-Кога не би бил меѓународниот фактор, ни случајно немаше да биде возможен некаков договор. Власта работи комплетно на принципот на мафија, не почита устав, не почитува закон. Сите закони ги пишуваат во согласност со своите лични и групни интереси. Доколку им се промени интересот го менуваат и законот. Со нив договор не е возможен, возможен е договор само ако така решила меѓународната заедница, изјави  поранешниот гувернер на НБРМ и поранешен министер за финансии, Петар Гошев за А1 Он.

Тој смета дека евентуалното пропаѓање на Договорот од Пржино и враќањето на опозицијата на улица со нова серија на „бомби“ би биле развој кој не е добар за земјата, како што, впрочем, од друга страна, не е добро ни ова што изминативе десет години и се случува на Македонија, а што кулминираше со криза која ја турна земјава во бездна.

 

Поврзани новости