Ванхојте: Дијаспората и ДИК главни проблеми

by Фокус

-Постигнавме приближување на позициите за избирачкиот список и за повеќето од прашањата, остануваат некои како гласањето на дијаспората. Има помалку разбирање за таа тема. Исто така, не е решено прашањето околу гласањето на ДИК, важно тело во организацијата на изборите, предмалку изјави посредникот Питер Ванхојте, кој рече дека преговорите за Изборниот законик се уште траат.

Белгискиот експерт рече дека предложил да се употреби советувачки механизам, наместо да се блокира донесувањето одлуки во Државната изборна комисија.

-Администрицацијата во тоа би играла голема улога. Тоа би требало да биде прифатливо за сите партии, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите, изјави Ванхојте.

Поврзани новости