Ванхауте: Дали ова ви личи на Избирачки список?

by Фокус

Олеснувачот во преговорите кои во моментов се во застој, Питер Ванхауте, одново преку Твитер порака и фотографија ја отсликува актуелната ситуација. Во последниот коментар тој изрази сомнеж дека гласачкиот список е во хаос.

„Дали ви личи ова на Избирачки список?“ – праша Ванхауте. Во дополнение на пораката пишува дека постои сомнеж дали ваквиот список бил добар за изборите во 2014-та.

Ванхауте продолжува преку фотографиите со мачки да ја скенира политичката ситуација во Македонија. Секогаш со краток, но директен коментар тој укажува на аномалиите кои мора да се надминат за да се создадат услови за фер и демократски избори.

Поврзани новости