390
Доколку во наредните 2-3 дена партиите не се договорат, ќе пропадне Договорот од Пржино, предупреди белгискиот олеснувач помеѓу партиите задолжени за спроведување на Договорот од Пржино, Питер Ванхоуте, кој денеска оддржа брифинг со новинарите.
Тој додаде дека ако партиите не склопат конечен договор, ќе следи сериозен одговор од ЕУ и Америка, како и сите други земји кои будно го следат процесот, а во таква ситуација критичен ќе биде и извештајот за напредокот на Македонија.
Според него, клучниот проблем е системот во државата, односно Парламентот не си ја врши воопшто работата и е дисфункционален, додека парламентарците ги следат партиските инструкции и гласаат како ќе добијат задача од партијата.