Ване Цветанов за Чавков: Нечовекот кој монтираше повеќе од 30 случаи, сега глуми жртва

by fokus

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов, ја коментира пораката која ја испрати осудениот на 18 години затворска казна екс директор на БЈБ, Митко Чавков.

Претходно Чавков ја обвини власта дека ја нарачала, како што рече, пресудата против него. Цветанов вели дека токму Чавков е тој што нарачуваше и монтираше процеси против неистомисленици на претходната власт.

„Нечовекот кој што монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семајства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, кој што од нула – за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?

Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.

Почитувани,
Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жрва?“, пишува Цветанов.

Поврзани новости