Ване Цветанов среде емисија се соблече во маичка со Груевски зад решетки

by fokus

Екс директорот на Агенцијата за спречување на перење на пари, Ване Цветанов, вчера во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа во екот на дискусијата го соблече дуксерот и откри маичка со ликот на Груевски зад решетки. Емисијата беше посветена на референдумот и различните ставови, а Цветанов се обидуваше да докаже дека движењето кое се залага за бојкот на референдумот има за цел да ги спаси од одговорност функционерите на поранешната власт.

-Ова е маица од кампањата „Бојкотирам“ и ова е само за под бришење во Алфа – рече Цветанов и ја фрли маичката на под.

-Бојкотирам е кукавичка операција за да се спречи доаѓање на правдата во Македонија и спасување на фамилијата кога ја упропасти државата – рече Цветанов во емисијата во која гостуваа Здравко Савевски од Левица и Живко Јанкуловски од „Подем“.

Дел од денешната жешка дебата на ТВ Алфа…

Publiée par Ване Цветанов sur Mardi 25 septembre 2018

Поврзани новости