Ване Цветанов, кој околу три години беше претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата, а за кого од Владата пред три дена потврдија дека на седница била донесена одлука да биде разрешен од функцијата, се уште јавно се нема огласено по повод случувањата.
Неговото разрешување дојде неколку дена по објавата на веста дека ја ангажирал сопругата Дунавка Трифуновска, поранешен модел и дипломиран фармацевт, да му помага на работа. Станувало збор за договор за ангажирање надворешен советник за специјални цели, а за ангажманот таа не добивала плата.
На прашањето на ,,Фокус” дали Цветанов ќе ги коментира настаните, или пак ќе премолчи, тој кратко одговори – Секако дека нема да одмолчиме, но немам никаков официјален документ од Влада, кога ќе го примам, секако…
На прашањето, дали тоа значи дека тој се уште оди на работа, Цветанов не ни одгово
Од друга страна пак, Дунавка се огласи на Инстаграм и порача дека се работи за исценирана конструкција во време кога институцијата гради нова иднина преку имплементација на европските директиви, која што е нотирана и во последните европски извештаи.
Вики Клинчарова