519
Ариедо Браида, близок соработник на Силвио Берлускони вели дека Марко ван Бастен му бил најомилениот фудбалер на некогашниот прв човек на фудбалскиот клуб Милан.
Тој вели дека Берлускони ги обожавал и Роберто Донадони, Франко Барези и Паоло Малдини.
Во понеделникот, Силвио Берлускони почина на 86 години, неговиот погреб е денеска.
„Ги обожаваше елегантните фудбалери, мислам дека Марко ван Бастен му беше најомилен, но тешко е да се одбере само едно име. Ги обожаваме сите, не само големите засилувања, туку и играчите од школата како Паоло Малдини, Алесандро Костакурта, Мауро Тасоти и Филипо Гали“ рекол Браида.