Предлозите на СЈО за изрекување мерка притвор се одбиваат од страна на Судот, а со тоа осомничените се оставени на слобода, иако можат да влијаат врз сведоците и да и наштетат на истрагата, вели поранешниот истражен судија и претседател на Комитетот за заштита на правата Валентин Зафиров.
Според него, судовите спроведуваат селективна правда во однос на одредување на мерката притвор, бидејќи во другите случаи, околу 100 лица, или се неправедно притворени или неоправдано им е продолжена мерката притвор.
И Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира за селективната правда. Тие го посочија случајот со новинарот Зоран Божиновски, кој веќе шест месеци е во притвор.
И покрај неколкуте барања на СЈО за притвор и за одредување на мерки на претпазливост, судот досега им изрече притвор само на Горан Грујоски и Владимир Талески.