Валбон Лимани од ВЛЕН е можен кандидат за градоначалник на Гостивар

by Фокус

Актуелниот в.д. градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, веројатно ќе биде кандидат за градоначалник на претстојните локални избори, рече денеска министерот за здравство од коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари. Според Таравари, анкетите покажале дека Лимани има огромна поддршка од граѓаните.

-Актулениот в.д. градоначалник на Гостивар, според анектите што ги правиме, има огромна поддршка од граѓаните. Се надевам дека е потенцијален кандидат за градоначалник, но се уште не сме координирани меѓу ВЛЕН и во Алијанса за Албанците. Сепак, има огромни шанси тој да биде кандидат за градоначалник како заеднички, на коалицијата – изјави Таравари.

Лимани стана в.д. градоначалник на Гостивар во јули минатата година, откако Таравари се повелече за да биде министер за здравство.

Поврзани новости