По осум години, Валандово добива нов градоначалник. Перо Костадинов кој ја водеше општината во два мандати загуби од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев.
Костадинов освои 3 012 гласа наспроти 3 258 гласа кои ги освои Камчев.
„Почитувани граѓани на општина Валандово, Ви благодарам на честа и можноста да и служам на нашата локална заедница изминатите осум години. Благодарам на сите мои соработници, а уште повеќе на сите мои сограѓани. За довербата, за соработката, за критиките. На Ѓоко Камчев му честитам на победата на овие локални избори. Валандово е наша светост. Да го сакаме, негуваме и да го развиваме, сите. Секогаш“, напиша Костадинов на Фњјсбук.
А, нов градоначалник има и во општина Демир Капија. Таму досегашниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Лазар Петров загуби од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Наталија Димитриева.
Петров во вториот круг освои 1. 152 гласа, а Димитриева 1. 222.
Во Валандово имаше 291 неважечко ливче, додека во Демир Капија 72.