Општина Валандово на неколку локации поставила табли кои ќе им служат на граѓаните за лепење на некролози.
Ако во минатото беше практика некролозите, во кои се известува за нечија смрт или помен, да се поставуваат на дрвата низ градот, од сега нема да биде дозволено, и сите кои имаат смртен случај ќе можат тоа да го споделат со сограѓаните само на таблите за некролози.
-Денес (22.11.2018 г.) ЈП,,Комунален сервис” Валандово, постави табли за некролози на неколку локации во градот и изврши отстранување на претходно поставените некролози по јавните површини. Поставените табли ќе бидат единствени места каде поставувањето на некролози е дозволено. Закачувањето на некролозите по дрва и други јавни површини е забрането – информираат од општината.
Вики Клинчарова