Вакцините се помалку ефикасни против новата варијанта: Не е крај на светот!

by Fokus

Вакцините речиси сигурно ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта на корона вирусот што се шири од Африка, изјави за Би-Би-Си професорот Џејмс Нејсмит, биолог од Универзитетот во Оксфорд.

– Тоа е лоша вест, но не е крај на светот, рече Нејсмит, додавајќи дека вакцината ќе биде ефикасна до одреден степен, но веројатно помалку ефикасна отколку што беше кај претходните варијанти.

Нејсмит во интервју за Би-Би-Си додаде дека големиот број мутации забележани во новата варијанта може да сугерираат дека се работи за позаразен вид.

Поврзани новости