Вакцинирани вкупно 107.978 граѓани, 279.909 лица чекаат за вакцинација

by fokus

Министерството за здравство информира дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица.

-Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата „vakcinacija.mk“ е 279.909 граѓани, соопштуваат од министерството.

Прва доза вакцина вчера примиле 10.845 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.857 граѓани.

-Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, известуваат од Министерството за здравство.

Оттаму додаваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Поврзани новости