495
Вакцина против Ковид-19 до денеска до 13:30 часот примиле 2.680 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.
Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација досега се пријавиле 71.900 граѓани, а 46.414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118.314 граѓани за вакцинација, 56.784 граѓани се на возраст над 70 години, посочија од Министерството за здравство.