Вакцина за корона вирусот најрано за една година

by fokus

Развојот на вакцината против новиот тип на корона вирусот ќе трае најмалку една година, соопшти синоќа Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ).

Бројот на пацинети заразени со вирусот во Кина до  вчера нарасна на 517, а 17 лица досега починаа, соопштија вчера кинеските здравствени власти.

- Advertisements -

Директорот на ГАВИ, Сет Беркли, изјави дека стручњаците не знаат доволно за епидемиологијата на новата болест за во овој момент да може квалитетно да се процени ризикот од неа.

-Добрата вест е дека сите научници веќе го секевенционираа и објавија геномот на вирусот, што овозможи неколку организации во светот да почнат да работат на вакцината, рече Беркли за агнецијата ДПА.

Вакцините што штитеа од коронавируси е многу поедноставно да се развијат од оние за болестите како маларија или ХИВ, додаде тој.

Беркли кажа дека, сепак, „ќе требаат месеци пред да се спроведат вистински клинички испитувања и најмалку една година пред вакцината да може да биде достапна за употреба.

ГАВИ е непрофитно партнерство кое соработува со владите, деловните луѓе, Светската банка, хуманитарните организации и невладини организации за да ги исполни целите за вакцинирање.

Поврзани новости