Вооружени разбојници ограбиле казино во Порта Влае

by Fokus

 Петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки ограбиле казино на „Адмирал“, на булевар „Партизански одреди“ во Порта Влае.

Разбојниците ги одзеле парите од дневниот пазар и побегнале.

Случајот во полиција бил пријавен утрово во 6:27 часот. Од МВР преземаат мерки за расчиствување на случајот.

Поврзани новости