ВАКСАЈНС

by fokus

Со жалење би констатирал дека веројатно сме последната генерација која слободно живеела, барем половина од животот на земјава. Сите следни генерации ќе бидат дел од новото нормално, дигитални пасоши, масовна шпионажа и опсервација од големата држава, и сѐ поизвесна една светска влада со драконски моќи

Јанаки МИТРОВСКИ

Четириесет минути чекање, редици колони на Табановце викендов, небаре е граничен премин Богородица во август. Но, наместо на одмор, или на викенд-шопинг во „Лидл“, добра кафеана во Врање или Ниш, моите сограѓани навалија на вакцинирање со „Астра Зенека“ во Белград или Ниш, сеедно. Нешто што е обврска на македонската влада, а која никако да се испорача.
„Добриот“ Вучиќ, наместо за две недели колку што им е рокот на вакцините да ги фрли во канта, и со тоа да фрли тон пари во ветар и да се изложи на критики, популист каков што е, зеде да „помага“ на земјите во соседството, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Ептен кавалерски Вучиќу, хвала ти!

„ДОБРИОТ“ ВУЧИЌ

Народот наш ќе рече на подарен коњ заби не се гледаат. Можеби и се во право, но трагедија е што мораме да патуваме во друга држава за нешто што е обврска на Македонија. Во земјава безмалку нема вакцини, не е вакциниран ниту медицинскиот персонал целосно, па камоли да говориме за масовна имунизација.

И друг момент во пријателското помагање на Вучиќ постои. Иако Србија изнакупи и кинески и руски вакцини, и „Фајзер“ и „Модерна“, сепак, македонските граѓани немаат право на избор, туку можат да се вакцинираат исклучиво со „Астра Зенека“. Истата таа „Астра Зенека“, за која половина Европа ја прекина имунизацијата поради значајни и бројни нус-појави. Народски речено, сето ѓубре ќе се слее кај нас.
Бројните фактчекери, разни спинометри и останати, ниту еднаш не ги тартгетираа како лажна вест бројните ветувања на македонските власти дека имунизацијата ќе почне не оваа среда, туку идниот петок. Де во февруари, па март, па крај на март, па евентуално април. Така фино напикани по аналите на власта, не ни треба да очекуваме вистински да таргетираат лажни вести, туку да служат како алатка за замолчување на каква било опозиција.

Поради моите гласни протестирања на состојбава, отвореното користење на пандемијата за масовно кршење на човекови права, и воведување во дистопија, еден драг пријател, во недостиг од аргументи ми залепи етикета антиваксер. Јас имам две деца на шест и дванаесет години. И обете досега се фул вакцинирани. На кој начин сум антиваксер, а си ги вакцинирам децата, пријателот не знае да објасни.

ШТО МЕ ЗАГРИЖУВА?

Апсолутно верувам во вакцини. И самиот сум десетина пати вакциниран како дете. Апсолутно го разбирам концептот на колективен имунитет. НО, кога ќе се случи пандемија на која медицински протоколи диктира еден од најбогатите луѓе на светот, корпорациски предатор, истовремено се спроведува масовна цензура, се прават вакцини за осум месеци наместо вообичаените три до шест години, и тоа како имам причина за да бидам загрижен.

На сето ова додадете ги и сѐ погласните најави за давидови ѕвезди за невакцинираните, пандемија на кршење базични права, за што веќе се произнесе и ОН, и состојбата е критична. И сево ова не се фантазии. Оваа политика масовно се применува во Израел (види парадокс), а во Германија веќе има отворено конц-логори за непослушните.
Со жалење би констатирал дека веројатно сме последната генерација што слободно живеела, барем половина од животот на земјава. Сите следни генерации ќе бидат дел од новото нормално, дигитални пасоши, масовна шпионажа и опсервација од големата држава, и сѐ поизвесна една светска влада со драконски моќи.

Во меѓувреме, владиниот врв премногу не се загрижува. Се шпекулира дека тие се веќе вакцинирани скришно или во Србија. Им се може!

Поврзани новости