Европратениците Иво Вајгл и Едуард Кукан денеска открија дека процесот „Жан Моне“ најверојатно ќе започне во март, но не во Париз. Одлуките и заклучоците ќе се носат во Собранието.
Европратнеиците ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието и активно да учествува во донесувањето на стратешките одлуки.
-Мојата порака би била упатена до Владата, но и до опозицијата повеќе – мора да работите заедно, опозицијата е дел од нормалниот парламентарен систем и само силна опозиција може да има удел во одговорноста и мора да преземе дел од одговорноста. Коалицијата на власт има одговорност да направи опозицијата да се чувствува комотно и да ѝ се даде шанса да учествува во процесот на законодавство во донесувањето стратешки одлуки за државата, а тоа е нешто што отсуствува во овој момент, рече Иво Вајгл.