373
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, попладнево доаѓа во Скопје за да изврши проценка како се спроведува договорот од Пржино кој претставува и план за излез од кризата што го усвоија четирите политички партии.
Средбите му почнуваат попладнево, а ќе се одвиваат и во текот на утрешниот ден. Тој е плнирано да има средби со лидерите на политичките партии, а според неофицијалните информации, не е исклучено да се сретне и со специјалната обвинителка Катица Јанева.