360
Во пресрет на посетата на еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, во земјата ќе пристигнат европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, кои посредуваа и во постигнувањето на договорот на Пржино.
Како што објавија медиумите, Ховит, Кукан и Вајгел утре ќе се сретнат со политичките лидери во земјава во врска со целосното спроведување на договорот.
Исто така, се очекува тие да остварат средба и со специјалната обвинителка Катица Јанева и со претставниците на Државната изборна комисија.