Вагнер почна да прима муниција, Пригожин обвини дека руската војска избегала од позициите кај Бахмут

by Fokus

Јевгениј Пригожин, основач на приватната воена компанија Вагнер, вчера објави дека неговата платеничка група почнала да прима муниција.

„Според прелиминарните податоци, почнуваме да добиваме муниција“, рече тој вчера во аудио пораката што ја објавија неговите портпароли.

Тој додаде дека во Бахмут се водат „жестоки“ борби, но тврди дека неговите сили напредуваат, пишува Киев пост.
Пригожин рано утрово објави нова снимка.

„За да не се расипе ничиј одмор, целосното видео кое ви кажува за состојбата со муницијата ќе биде прикажано точно по завршувањето на победничката парада. А бидејќи е рано наутро, имаме уште време – кој знае , можеби ќе ја добиеме муницијата. Тогаш нема да ја покажеме“, рече тој.

На крајот тој го објави видеото со кое се заканува. Во него тој ја обвини руската воена единица дека бега од нејзините позиции во близина на Бахмут во источна Украина, каде во моментов се водат најжестоките борби.
„Денеска единица на Министерството за одбрана побегна од едно од нашите крила… оставајќи разоткриен фронт“, рече Пригожин.

Тој го повтори своето ветување дека неговите борци ќе го напуштат Бахмут доколку руската војска не достави повеќе муниција. Дополнително, тој ја доведе во прашање способноста на Кремљ да ја брани земјата додека Украина се подготвува за пролетна офанзива.

„Зошто земјата не е во состојба да ја одбрани својата земја?“, се прашува тој, додавајќи дека Украина „успешно“ ги погодува пограничните региони на Русија.

„Денот на победата е победа на нашите предци, ние не заслуживме ниту мал дел од таа победа. Постои злосторство наречено „уништување на рускиот народ“… И тоа го прави мала група“, тврди Пригожин.

Тој во видеото вели дека во Бахмут ќе останат уште неколку дена и дека ќе се борат и ја обвини воената хиерархија дека сака да го „излаже“ Путин.
„Ако се направи се за да се измами врховниот командант, тогаш или ќе ви ја отсече главата, или рускиот народ ќе биде бесен ако војната биде изгубена“, заклучи тој.

Поврзани новости