523
Водачот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин најавил дека ќе ги повлече своите трупи од Бахмут за три дена, а одбраната на градот и освоената територија ќе и ја препушти на руската војска.
-Поставени се одбранбени позиции на западните рабови, така што Вагнер ќе го напушти Артјомовск меѓу 25 мај и 1 јуни. Ако сопствените сили на Министерството за одбрана не се доволни, тогаш имаме илјадници генерали – само треба да собереме баталјон генерали, да им го дадеме целото оружје и сè ќе биде добро, рече тој, користејќи го името за Бахмут од советската ера, рекол Пригожин, а пренесе Ројтерс.
„