Задутре средба Силјановска Давкова – Јотова во Софија

by jadranka 20:37
20:37

Македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова во среда попладнето ќе престојува во Софија, на средба со својата бугарска колешка по должност Илијана Јотова, пишува порталот Нетпрес. Заедно со шефицата на државата, според информациите, ќе патува и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Средбата, како што се дознава,  е по иницијатива на македонската страна.

Засега нема најава за темите на кои ќе се дискутира во Софија и не е позната прецизната агенда на патувањето на Силјановска Давкова, кое доаѓа во период кога македонските власти прават напори за интензивирање на разговорите од кои би можело да произлезе откочување на процесот  на евроинтеграциите, за кои засега како пречка се поставува инсистирањето на Софија за уставните измени.

 

Слични вести