Министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска вчера имале состанок за целодневната настава, односно за бројката на децата чии родители имаат потреба нивните деца да останат во училиште и по завршувањето на часовите. Тој за во понеделник најави одлука која ќе зависи од бројот на децата и училиштата.
-Анализата на бројката е направена, во текот на викендов ќе ја разгледува Комисијата за заштита од заразни болести за во понеделник на работен состанок да донесеме одлука. Ќе се донесе одлука позитивна исто како што се носи одлука и за исклучоците во сите други училишта, односно ако бројката на децата кои треба да одат во дневен престој е толку мала, да не ја загрозува нивната безбедност, односно да нема дополнителен епидемиолошки ризик. Предност е што е истата група на деца, односно тие биле во контакт и претходно, сега само се зголемува времето на престој. Но, дозволете да проценат епидемиолозите согласно бројот на деца и бројот на училишта, рече Филипче.