537
Помеѓу осомничените за злоупотреба на службената положба кои утрово ги приведе полицијата е и пратеникот Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство. При денешниот распит, Димовски беше поштеден бидејќи тој се уште е пратеник во Собранието.
За таа цел, за во понеделник е закажана седница на комисијата за мандатно имунитетни прашања на која ќе се дискутира ова прашање.
Денеска Обвинителката Вилма Рускоска во изјава за медиумите рече дека бара мерка притвор за сите обвинети, освен за еден за кој поради влошена здравствена состојба Рускоска бара поблага мерка односно мерка домашен притвор.