466
По повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром, 21 Март, в недела со почеток од 11.00 часот во „Градски парк“ во Скопје ќе се одржи хуманитарната трка за деца со Даунов синдром.
Трката што е во организација на Мечувалечки клуб „Ескрим“ се реализира веќе четврта година по ред, а целта на настанот е да се подигне општествената свест и им се даде поддршка на овие дечиња кои имаат желба за напредување во спортот.
Средствата собрани од котизацијата, ќе бидат наменети за доопремување на Дневниот центар за лицата со Даунов синдром.
Пријавувањето за настанот, како и повеќе детали за истиот, можат да се најдат на следниот линк www.smartrace.club.