В.д. директорот на „Дрисла“, Начевски: Верувам дека набргу ќе се видат позитивните резултати од работата на депонијата!

by fokus

В.д. директорот на „Дрисла“, Коста Начевски на денешната прес-конференција порача дека е задоволен од досегашната работа на „Дрисла“ и верува дека за брзо време ќе се видат позитивните резултати од работењето.

„Овие две седмици напорно навлегов во суштината и проблематиката поврзана со депонијата. Можам да кажам дека има квалитетни кадри кои сакаат да си ја вршат својата работа. Работиме напорно, доаѓаме до одредени информации кои биле правени во Дрисла. Презадоволен сум од соработката со Град Скопје. Целта е заштита на животна средина, правецот е тој, верувам дека набргу ќе се видат позитивните резултати од работата на „Дрисла““, истакна Начевски.

 

 

Поврзани новости