ЕК ја усвои новата Методологија, процесот почнува и завршува со владеење на правото!

by Fokus

Европската комисија денеска ја усвои новата методологија за проширување која се однесува на земјите од Западен Балкан, со исклучок на Србија и на Црна Гора кои ќе може да бираат дали преговорите со ЕУ ќе ги продолжат по новиот или по стариот систем.

По усвојувањето на Методологијата, Комесарот за проширување, Оливер Вархеји, на прес конференцијата истакна дека основната цел на ЕУ останува непроменета – проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Вархеји додаде дека новата методологија се темели врз четири основни принципи: кредибилност, посилно политичко водство, динамика и предвидливост.

Она што тој го истакна како една од главните карактеристики е дека пристапниот процес ќе почне и ќе заврши со точката – владеење на правото.

„Овие преоговори ќе бидат многу посеопфатни, а ќе овозможи да се движат побрзо ако испорачуваат побрзо. Поглавјата ќе воведат посеопфатно владеење на правото, што значи дека со тоа ќе ги отвориме и затвориме кандидатурите. Тие одблизу ќе бидат мониторирани за целиот процес“, рече Вархеји.

Дополнително, како дел од санкциите за земјите кои би покажале назадување во одредени области, односно не испорачуваат резултати, се предвидува укинување на дел од фондовите.

Вархеји појасни дека според новите правила поглавјата ќе бидат групирани во „кластери“, односно области.

Поврзани новости