Младоженец во Тајланд ја убил невестата и уште тројца гости, тешко ранил маж пред да се самоубие на сопствената свадба во саботата вечерта, соопшти полицијата.
Убиецот е идентификуван како Чатуронг Суксук (29), поранешен ренџер со попреченост на ногата, кој го претставувал Тајланд во пливање и стрелаштво на Параолимпијадата.
Mental pic.twitter.com/ZWX4mKG1IR
— Bangkok Lad (@bangkoklad) November 26, 2023
Трагичниот инцидент се случил околу 23 часот и 25 минути во саботата на свадбата на Суксук и невестата Канчана Пачунтуек (44).
Korat: Groom goes on shooting spree at wedding, killing 5 including bride before pulling trigger on himselfhttps://t.co/2ISq8592rT pic.twitter.com/BcxEExkxkF
— Bangkok Lad (@bangkoklad) November 26, 2023
Двојката живеела заедно три години пред да одлучат да се венчаат. Суксук бил 15 години помлад од невестата.
Во саботата се одржала свадбата, на која присуствувале гости и роднини од двете страни. За време на забавата гостите и роднините забележале дека Чатуронг не изгледа среќно како што се очекувало.
Подоцна истата вечер, Чатуронг ненадејно излегол од забавата до својот автомобил. Набрзо се вратил со пиштол и испукал истрели при што ги убил невестата, нејзината мајка и помладата сестра, како и еден гостин. Уште еден гостин е тешко ранет.
Чатуронг потоа се застрелал и починал на лице место.
Полицијата го истражува мотивот за убиството.