646
Инспекторите утврдиле пропусти во третманот во Охридската болница на пациентката од Струга која почина од корона вирус, информираше министерот Венко Филипче.
-Се заврши увидот во Охридската болница, детектирани се пропусти во третманот на пациентката која почина. Ќе се преземат мерки кои оние кои ги прекршиле процедурите и се изготвуваат соодветни решенија, рече Филипче.