Пендаровски: Досега имаме адекватна поставеност на државата во борбата со корона вирусот

by fokus

Преседателот Стево Пендаровски по завршување на седницата на Советот за безбедност извести дека заклучокот е дека државата досега има соодветна поставеност во борбата со корона вирусот.

Денеска ја одржавме 4та седница на Советот за безбедност. Одлуката за прогласување на вонредна состојба ја донесов на 18ти март и како што најавив тогаш, Владата која сега ја има целосната власт, има обврска да информира за ефектите од мерките кои ги носи. Консензуален заклучок е дека треба да им се одаде признание на сите кои денонноќно работат на справување со корона вирусот.
Досега имаме адекватна поставеност на државата, стриктно спроведување на мерките на СЗО и со мали исклучоци имаме совесно однесување на граѓаните. Ќе бидат потребни сериозни мерки со цел да се намалат колку што може, ефектите врз економијата. Тешките денови не се зад нас. Апелирам да бидеме одговорни и солидарни, останете дома, излегувајте само кога е неоходно, порача Пендаровски.

Поврзани новости