Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција и избегало лице кое било спроведено до судот за одржување судски процес. За настанот и се огласија од Основниот кривичен суд – Скопје.
„Се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затврсоката полиција, а не во просториите на Основниот кривичен суд. Имено се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки како и протоколи за заштита од ширење на вирусот Ковид – 19. Заради тоа, за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната Казнено поправна установ и МВР“, додаваат оттаму.