Приведен човекот од Светиниколско кој преку Фејсбук намамуваше малолетничка на обљуба

by Fokus

Полициски службеници од Полициската станица Свети Николе вчера го лишиле од слобода Б.Т.(59) од радовишкото село Ораовица, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, поради постоење основи на сомнение дека преку социјални мрежи намамувал малолетничка на обљуба.

– По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот на М.А.(63) во село Ерџелија, каде престојувал Б.Т., при што одземен е мобилниот телефон кој го користел осомничениот, се наведува во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Поврзани новости