739
Оваа седмица во парламентот се очекува да почне постапката за евентуалано утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов, по иницијативата што ја поднесе пратеничката група на СДСМ поради колективниот чин на аболиција, пишува Утрински весник.
Барањето за „импичмент“ беше поднесено минатиот месец, но не се најде досега на дневен ред поради тоа што парламентот беше распуштен. Од СДСМ потврдуваат дека не се откажуваат од иницијативата за утврдување одговорност на Иванов, чие процесуирање почнува од законодавниот дом, за што треба наскоро да се формира и посебна комисија, а доколку се обезбеди потребното двотретинско мнозинство, постапката продолжува во Уставниот суд.