Полицајците им дозволија на демонстрантите да го бојат Министерството одблиску

by Фокус 19:08
19:08

Од Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите се упатија кон Собранието, но по пат застанаа пред Министерството за права. Полицајците кои го чуваа Минисерството им дозволија да дојдат веднаш до зградата и освен со балони со боја, и со пушки полни со боја да го обојат Министерството.

Незадоволните граѓани пеат „Шутка не ти бега, Никола“ и извикуваат „Мафија на робија“ и „Нема правда, нема мир“. Тие во овие моменти пристигнуваат пред Собранието, што е нивна крајна дестинација за денеска.

 

- Advertising -

ФОТО: Сакам да кажам (sdk.mk)