Утринава центарот на Скопје е најзагаден

by Фокус

Скопската општина Центар е најзагадена според мерната станица која регистрирала концентрации на 431 микрограм ПМ10 честички на метар кубен. Според мерењата загаден е воздухот и во другите скопски општини, но и во Тетово, Битола, Кавадарци, Кичево и Кочани.

Во Тетово се регистрирани 310 микрограми, во Лисиче 273, Карпош 220, Гази Баба 206, кај Ректорат 154, во Кавадарци 133, во Кичево 124, Миладиновци 106, Кочани 90 и Битола 84 микрограми на метар кубен.

Поврзани новости