516
Во Тетово, Куманово, Скопје, Струмица и Гостивар утринава тешко се дише поради висока загаденост. Битола е средно загадена, а ниско загаден воздух има во Дебар, Кичево, Кавадарци и Кочани.
Велес е меѓу градовите со многу мала загаденост, покажуваат податоците на Министерството за животна средина.
Kaј ректорат се измерени 83 ПМ, во Карпош 50, во Центар 82, во Куманово 70, во Тетово 79, во Струмица 92, во Битола 47, во Гостивар 69, во Кичево 25, во Кочани 25.
Во светски рамки Скопје утрово е 17 најзагаден град во светот.