На различни страни во воената 2001-ва, сега заеднички се борат за мир: Ангелов и Зимбери во Студио 1

by fokus

Стојанче Ангелов и Абедин Зимбери. Двајцата беа на различни страни во војната во 2001 година, а сега заеднички се борат за мир. Уредничката Јадранка Косова во Студио 1 зборуваше со Ангелов и Зимбери за помирувањето на воените ветерани. Стојанче Ангелов вели тие сѐ уште имаат дијаметрално спротиставени ставови за војната во 2001 година, но се согласуваат за денешницата и иднината.

-Нашиот заклучок за тоа кој изгуби е дека сите изгубивме. Изгубија Македонците, изгубија и Албанците. Македонија се врати повеќе од 10 години наназад. Верувам дека Зимбери сака да живее во Македонија ваква каква што е и дека нема никакви аспирации за голема Албанија. Верувам и дека поголемиот дел од Албанците сакаат да живеат во ваква Македонија.

Зимбери смета дека треба да има помирување за светла иднина на следните генерации.

-Ние го почнавме овој процес за моето и неговото дете да бидат пријатели, да живеат во една држава која е заедничка.  Јас кога кажувам дека сум горд за 2001 година,  не сум горд за тоа што кренав оружје, јас сум горд затоа што не дозволив да има цивилни жртви.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Поврзани новости