390
Нов земјотрес го погоди Охрид во недела наутро, со локална магнитуда од 2,4 степени според Рихтер.
Како што соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, земјотресот бил регистриран во 09 часот и 58 минути.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.