432
Рано утринава врз делови од регионот на Киев се изведуваат нови напади на руските сили врз инфраструктурни објекти, јави шефот на регионалната воена администрација Олексеј Кулеба.
Тој за украинските медиуми изјави дека најверојатно станува збор за напади со беспилотни летала-камикази и дека спасувачките служби се излезени на терен.
Заменик-началникот на кабинетот на претседателот на Украина Кирил Тимошенко изјави дека нападите биле извршени врз витална инфраструктура.
„Уште еден напад со беспилотни летала – камикази врз витални инфраструктурни објекти. Надлежните служби веќе работат на отстранување и документирање на последиците од гранатирањето“, напиша Тимошенко на каналот Телеграм.